Наум Петрески: Овие ќе останат во валканата историја на Македонија

Пејачот Наум Петрески со коментар под отвореното писмо на дел од припадниците на елитната армиска единица „Волци“, објавено на Фејсбук-групата „Поддршка за македонските безбедносни сили“, во кое реагираат за фотографирањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред грбот на УЧК.



„Ќе им помине и ова. Сега се силни, покриени и обезбедени од појаките им пријатели, но ништо не трае вечно, освен славата на сите што се бореле и се борат сè уште за подобра држава и мир за своите идни генерации. Овие ќе останат во валканата историја на Македонија“, напиша еден од најпопуларните интерпретатори на македонската народна песна.