…Не, не … мрачната и болна 2001 г. не е далеку зад нас, а македонското општество (и не „нашето“) не ја надмина таа болка од ‘воената криза’“! реагира професорката Наташа Котлар, по објавувањето на фотографијата на вицепремиерката Радмила Шекеринска пред УЧК-симболи и нејзиноото појаснување дека денес не била важна иконографијата, туку репер е колку политичарите им служеле на граѓаните“.
„ Нема овде ништо демократско и трајно, овде е ‘мрачно и мрак не’ обвива и темна магла земја покрива’, заради злото наречено НАТО и политичари кои не им служат на граѓаните!
Репер…репер треба да ви биде македонскиот народ-неговите интереси и настојувања, неговите болки и потреби, неговата реч, честитост и достоинство! Арам да ви е безобразлукот, ништо не сте научиле… ! напиша Котлар на Фејсбук.






