Новинарката Душица Мрѓа оди во самоизолација

Новинарката Душица Мрѓа која ја водеше дебатната емисија во која на 28 мај учествуваа Мухамед Зекири од СДСМ и Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите, информираат од Телевизија 24.



Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано.

Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија.

„Јас се чувствувам добро, немам никакви синтоми.
По препорака на епидемиолозите сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена.
Првиот тест кој би покажал сериозни резултати, без да се постои сомнежот за лажно негативен, по епидемолошката препорака, ке го правам кон средината на неделава“напиа Мрѓа на Фејсбук и се заблагодари на поддршката од колегите и од јавноста.