Микробиолог од коалицијата на СДСМ поставува услови за одржување избори

Микробиологот Никола Пановски во емисијата Детектор на Сител вели дека со нелогичното прекинување на мерките на Владата можно е значително влошување на состојбата со коронавирусот.



Пановски е член на ЛДП која е дел од коалицијата на СДСМ а лани беше партиска номинација за кандидат за претседател на Македонија.

Тој вели дека експертите очекувале мерките на Владата да траат стотина дена и затоа се изненадени од нивниот прекин од страна на Владата која сака да оди на избори.

Пановски вели дека и да се отворат границите Македонија ќе биде само транзит зона за српските туристи кои ќе одат во Грција но никој нема да ги прима Македонците поради високиот вжброј заразени.

Според Пановски за да се смета ситуацијата како нормална и евентуално да се оди на избори потебено е смирување на бројките.

Докторот вели дека за да се оди на избори потребно е во текот на две недели да има под 5 % заболени од тестираните и под 20 заболени дневно.

Процентот што го даваат министерот Филипче и комисијата за заразни болести од 5,7 % заболени од тестираните според Пановски не се точни затоа што во нив се пресметуваат и тестираните од скринингот.

Емисијата Детектор на овој линк