Според последната информација на Телма во последните 24 часа се регистрирани 62 случаи на коронавирус.
Најголем број повторно се во Скопје – 24, по што следува Штип со 14 и Тетово со 12.
Останатите се во други општини велат извори за извори за Телма.
Регистрирани се и два смртни случаи.
Претходно вицепремиерот Бујар Османи, кој е и претседател на владиниот Кризен штаб, најави на фејсбук дека денеска ќе има „доста“ новозаболени.
Османи сподели еден графикон кој ја покажува смртноста од Covid-19 и напиша:
„Следете ја смртноста на Ковид19 во споредба со другите причини. Ниту една рестриктивна мерка нема ефект како лична грижа и заштита. Денес во МКД бројките значително се зголемуваат. Заштитете се себеси и вашите роднини“, напиша Османи.





