Џафери: Лидерите имаат 14 дена да договорат датум за избори

Нови 14 дена се доволни партиите да договорат датум за избори порача спикерот на парламентот Талат Џафери, по состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски каде беѓе договорено продолжување на вонредната состојба за уште две седмици.



Џафери потсети дека Собранието може да го врати само граѓанинот, преку изборите иако изборниот циклус нема да биде како претходните.

„Условите за граѓаните нема да бидат како во претходните циклуси, но, ние сите поединечно мора да научиме да живееме со појава која според прогнозите ќе потрае. Не можеме да останеме до недоглед со нерешена ситуација. Како резултат на одлуката на лидерите од октомври минатата година да се оди на предвремени избори, Собранието испочитува и низ процедурална постапка ја спроведе одлуката и ги спроведе сите процедури за избор на техничка Влада сто дека пред изборите и во тој контекст, сите ние се најдовме во една состојба поради вирусот и таа се дефинира како вонредна“,изјави Џафери по состанокот на Советот за безбедност кај претседателот на државата.