Шеќеринска се вади за УЧК, ја издаде стара фотографија (ФОТО)

Вицепремиерката Радмила Шеќеринска денеска се обиде да објасни дека симболите на УЧК пред кои се сликала на средба со градоначалникот на Кичево се неважни затоа што поважно од иконографија е како политичарите им служат на граѓаните.



“2001 е далеку зад нас. Ја надминавме воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес,по 19 години,кога сме членка на НАТО. Во 2020 најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер”, пишува Шеќеринска во обидот да се извади за грешката која стана вирална.

Обидот за вадење пропадна за само неколку минути откако” твитерџии” објавија слика со која таа става акцент на иконографијата при што се фали дека македонско знаме било обоено на американски воен авион.

Подоцна и тоа се покажа како лажна вест затоа што знамето не било македонско туку на сојузната држава Аризона во САД.