Свештеникот на МПЦ-ОА Презвитер Бобан Митевски му одговара на новинарот на Телма Боби Христов по неговата најава дека ќе поднесе кривична пријава до организаторите на Литијата во Струга односно до владиките Тимотеј и Партениј.
Свештеникот смета дека како јавна личност премногу јаанонгибискажувал своите анти православни ставови.
“Го читам новинарот Боби Христов ќе поднесувал приватна тужба за Литијата во Струга? Зошто – не кажува… Најверојатно смета дека најновите случувања со вирусот, зголемувањето на бројот на пациенти, се поврзани со Литијата…
Ако го сретнете, кажете му :
1. Дека Литијата беше на 7 мај, пред 22 дена !!!
2. Дека во Струга и околината, оттогаш немаше значително зголемување на новозаболени (во моментот се 9, да се живи и здрави)
3. Дека тужбата треба можеби да си ја упати на друга адреса, можеби кон нешто посвежо
4. Ама очигледно нема храброст
5. Дека како јавна личност премногу е очигледен во антиправославните ставови.
6. Не дека нема право, “се ние дозволено”, вели Светото Писмо, ама и додава “дека не ни е се од полза”
7. Но како јавна личност има одговорност за тоа дали со својот јавно изнесен став “мотивира” омраза, нечија некаква акција против итн.
8. Дека новинарската професионалност за него е само термин.
9. Нека е жив и здрав”, пишува Митевски до уредникот во Телма.
Што најави Христов предходно
Уредник во Телма ќе поднесе кривична пријава за Литијата во Струга





