Трамп ја оствари заканата и ги прекина врските на САД со СЗО

Обвинувајќи ја Светската здравствена организација (СЗО) дека е под целосна контрола на Кина, американскиот претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана и ги прекина врските на САД со неа.



Објаснувајќи ја одлуката, тој нагласи дека парите што неговата земја ги уплаќа на сметката на СЗО ќе ги пренасочи кон други организации од областа на јавното здравство.

Трамп ја обвини СЗО дека под притисок на Кина го измамила светот за коронавирусот, а последицата од тоа е смртта на стотици илјади луѓе во светот, вклучувајќи и повеќе од 100.000 Американци.

„Кина го забошотуваше ширењето на коронавирусот од Вухан“, изјави Трамп.