Акционерското друштво (македонска) „Пошта“ имала загуба од 10 милиони евра заклучно со крајот на 2018, но тоа тоа не го спречило ова АД да плаќа огромни износи за менаџерско осигурување, објави Државниот завод за ревизија, пишува „Слободен печат“.



Според извештајот, за 7 директори во АД Пошта, кои истовремено го сочинуваат и Управниот одбор и Надзорниот одбор, платено е менаџерско осигурување за период од 1.04.2018 до 1.04.2019 година во вкупен износ од 2.760.000 денари, или околу 45.000 евра. Овие директори ги бира Владата, тие примаат плата, а ако одобри Надзорниот одбор може да склучи и договор и за нивно менаџерско осигурување со осигурителна компанија што ќе понуди најповолни услови,

Ревизорите одговорноста ја лоцирале кај Фадис Реџепи, генерален директор и претседател на УО од 1.09 2014 до 31.08.2018 и кај Ејуп Рустеми кој е генерален директор и претседател на УО од 1.09.2018 година.

Покрај ова расфрлање со пари за менаџерски бонуси, ревизорите утврдиле и низа други неправилности. Едно од нив е вработување на среднисти на место што е предвидено за вишо или високо образование. Тоа е направено согласно колективен договор кој пак е во спротивност со Законот за работни односи.