Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише извршен налог за компаниите кои ги водат социјални медиуми, соопшти Белата Куќа.
Според оценките, тоа дополнително ќе ја ескалира тековната расправија на Трамп со „Твитер“ откако престседателот вчера се закани дека ќе ја затвори обвинувајќи ја платформата за „замолчување на гласовите на конзервативците“.
Неговиот најнов спор со „Твитер“ доаѓа откако платформата за прв пат во вторникот се посомнева во вистинитоста и стави ознака за дополнителна проверка на неговите твитови.
Трамп, претходно ги предупреди неговите над 80 милиони следбеници на Твитер, дека на гласањето по пошта на американските избори може да дојде до измами.
„Луѓето ги крадат гласачките ливчиња од поштенски сандачиња. Луѓето ги печатат, а потоа ги потпишуваат и ги даваат за да се бројат повторно“, напиша Трамп.




