Лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев брзо реагираше по објавата од Владата за укинување на полицискиот час, порачувајќи дека „време е за новата нормалност“.
„Време е за новата нормалност. Нашето општество мора да продолжи да функционира. Мерките се олабавуваат, надлежните институции потврдуваат дека епидемијата е под контрола. Вирусот ќе биде присутен подолго време и мора да научиме да живееме со него“, објави Заев на Твитер.
Наместо поддршка, доби канонада од непријатни реакции:
„Новата нормалност е без тебе“;
„Нормално и Зоран Заев не оди заедно“;
„Ти и нормалност не ми иде некако, не го употребувај тој збор“;
„Твојата нова нормалност е во Шутка. Го направите народот ЛУД. Вчера карантин, денеска укинуваш полициски час“;
„Мерките се олабавени по твоја наредба, за поскоро да добиеш датум за избори. Изгледа многу ти се седи во фотелја“;
„Единствена нормалност е Зоран Заев во затвор. До тогаш сè е ненормално“;
„Новата нормалност во РМ би била без тебе и твоето лудило“;
„Бај д веј, Рашко научи го да носи маска, не ни држи предавања“.





