Се чини дека местењето на тениски натпревари не го одминало ни најпрестижниот турнир на светот, Вимблдон. Органот кој ги испитува неправилностите во обложувањето тврди дека има три сомнителни меча од оваа година.

Само што заврши Вимблдон одново крева прашина по овогодинешнито издание и тоа поради истрагата на антикорупциско тело Tennis Integrity Unit. Во првичниот извештај се најавува дека дополнително ќе бидат испитани три натпревари за кои постојат индиции дека има услови за месење.
Иако не е наведено за кои мечеви станува збор, британските медиуми јавуваат дека станува збор за два квалификациски и за еден натпревар во главната ждрепка на турнирот во Ол Ингланд Клубот. Не е познато дали се во прашање машки или женски дуели.
Сомнежот за местење на натпреварите го предизвика “чудната шема на обложување”. Според Единицата за тениски интегритет во прашање не се само натпревари од Вимблдон, туку вкупно 53 од годинава, вклучувајќи и еден од овогодинешниот Ролан Гарос.
Tennis Integrity Unit минатата година двојно го зголеми бројот на луѓе со кои се следат натпреварите за кои постои сомнително обложување по сториите кои BuzzFeed и BBC ги објавија, а во кои се говори за “широко распространето местење на натпревари од страна на играчите во врвниот тенис.”





