За време на онлајн конференција со колегите од Западен Балкан, на која беше домакин со грчкиот колега Никос Дендиас, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, се претставил како „Кабинет на МНР“.



Другите учесници – министри од Балканот – беа потпишани со име и презиме и со името на државата која ја претставуваат.

На ова имаше реакции на социјалните мрежи, меѓу кои и прашања од што се срами министерот па го одбрал понижувачкото „кабинет на МНР“. Без име на државата… старото или „новото“.