Торбата Луј Витон со парите на Орце Камчев завршила во домот на родителите на Боки 13, тврди
Обвинителката Вилма Русковска, во завршните завршни зборови за случајот „Рекет“, објави фотографија со рачки од торба за која рече дека е „Луј Витон“ на тросед, за кој тврди дека е во домот на родителите на Боки 13.
„За таа фотографија имаше од вештачењето, точна локација каде е направена фотографијата. Не само што сум јас уверена, јас сметам дека и јавноста преку вас новинарите ќе биде уверена дека обвинетите ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар“, изјави Русковска.
Во завршните зборови Русковска исто така рече дерка сите доживеале разочарување кога клучниот лик од Чарлиевите ангели, Катица Јанева „преминал на страната на злото“.





