Коѕиас откри од што се плаши официјално Скопје

 

„Раководството на оваа земја (Македонија) со право ми кажа дека имаат голем страв за стабилност и безбедноста на земјата и на регионот“, изјавил грчкиот министер за надворешни работи пред неколку дена, пренесува официјалниот веб сајт на грчкото министерство за надворешни работи (http://www.mfa.gr/en/current-affairs/statements-speeches/foreign-minister-kotzias-interview-on-euractiv-with-journalist-sarantis-michalopoulos.html)



Коѕиас во интервјуто вели дека целосно се согласува со таа констатација, најверојатно на неговиот колега Димитров. На ваквиот искажан страв возвратил со порака „ако Грција се бори за вашата стабилност и безбедност тогаш и вие самите мора да се борите три пати повеќе за тоа“.

Коѕиас бара Македонија да не очекува никакви концесии од Грција поради своите внатрешни проблеми, а во исто време да не прави ништо за да ги реши проблемите.