Премиерката на Нов Зеланд, Jacинда Ардерн, остана смирена и насмеана за време на интервју кога земјотрес од 5.8 степени го погоди главниот град Велингтон, пренесе Ројтерс.
„Рајан, имаме земјотрес“, му рече таа на водителот Рајан Биџ додека камерата и другите работи околу неа се тресеа.
„Имаме пристоен земјотрес овде … ако можете да видите како работите се движат зад мене“, рече премиерката која интервјуто го даваше од зградата на Парламентот, по што смирено го продолжи разговорот.




