Силјановска со честитка за два празници

Професорката Силјановска со апел да се чува и афирмира наследството од Кирил и Методиј.



“Нека ни е честит овој голем празник, Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј. Нивните заложби се потврда за нашиот македонски идентитет, за македонскиот јазик, македонската култура, традиција и историја. А нам ни е обврска да ги чуваме и афирмираме.

Ви посакувам убав празничен ден во мир, здравје и спокој”, напиша професорката во чест на светите просветители а денеска го честиташе и празникот Рамазан Бајрам на сите муслимани.

“Сограѓани од исламска вероисповед,
Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам и ви посакувам многу здравје, мир во душата и благосостојба”, напиша Силјановска.