Непознато лице со канта бензин околу 3:15 часот изутрина го запалил познатиот „Опера паб„ кој се наоѓа кај Националниот опера и балет, пренесува а1он.
На снимките од камерите од ресторанот до кои дојде порталот а1он јасно се гледа човек со качулка на главата како доаѓа од центарот на градот со канта бензин и ја истура на терасата на ресторанот и ја пали.





