„Њујорк тајмс“ на насловна објави имиња на 1.000 жртви коронавирус


На овој начин, еден од најугледните американски дневни весници оддаде почит кон жртвите, кои ја достигнаа бројката од речиси 100.000 луѓе починати во САД, пренесува „Н1“.



Покрај имињата на починатите, наведена е и годината на раѓање, местото на живеење, како и кратки детали од нивната биографија.

Списокот го составиле врз основа на 1.000 некролози кои се објавени во стотина весници ширум САД. Со ова, тие сакале да посочат на човечкиот и индивидуалниот аспект на смртноста од Ковид-19.