„Нема да има избори во јуни од ова што ви го кажувам. Како ќе го направат тоа? Мислите дека Талат Џафери ќе потпише решение коешто е спротивно на закон за датум за избори. Кој ќе им го утврди датумот за избори? Како ќе го направат тоа? Невозможно е, тоа ви го кажувам“, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Тој вели дека е депласирано е воопшто да се разговара за такво нешто, кога нема како да се случи.
„Сами ќе си го пропишат со уредба со сила на закон датумот за избори? Кога член 12 став 1 од Изборниот законик јасно кажува дека претседателот на Собранието го определува датумот за избори. Ако одиме по таа логика, тогаш нема потреба да одиме на избори. Тогаш нека си донесат уредба со закон на сила каде што ќе се прогласат за доживотни владетели на Република Македонија и нека си тераат така.
На прашањето дали доколку се определи датум без консултација и со консензус со ВМРО-ДПМНЕ, се разгледува опцијата за бојкот на изборите, Јанушев вели:
„Сите можности нормално е дека се разгледуваат, но јас искрено верувам дека тоа нема да се случи, дека сепак ќе се најде начин со консензус да се договори датумот на кој ќе се одржат изборите“.





