Партиски активисти денеска повторно делеле помош во Турското маало во Струмица местото кое предходно беше опишано и во извештајот на ЈО што го пренесе италијанскиот весник Ла Верита за настани од пред 6 години.
Партиските донации обележани со логотип на една политичка партија се случуваат без соодветна пријава до централниот кризен штаб за корона вирусот но и со непочитување на мерките на Владата за забрана за јавни собири и користење на маски.
Според видеото објавено од партиски активисти на СДСМ ниту еден од присутните не носи маска за лице.
Кому и по кој критериум се дели помошта во градот на Заев засега не открива никој а во коментарите на социјалните мрежи се открива дека се дели брашно, зејтин, квасец, прашак за пециво и компири кои биле веќе из’ртени.
Заев го повторува делото, по кој знае кој пат се делат “пакети” на Ромите во Струмица. Поткуп за #Избори2020
Никој ништо не ви може нели @kostadinkosta1 ?
Снимено денес, објавено овде https://t.co/ygaq7L4x13 pic.twitter.com/kQRPw81oCk
— Демир (@Trollowsky) May 23, 2020





