Луѓето кои во исхраната користат доста месо и месни производи во текот на летото, во зависност од можностите, се префрлаат на “диво” односно на месо од дивеч. Во случај да дојдете до ваков деликатес, мора да знаете и да го подготвите. Да не го пресушите, да не остане жилаво и да биде вкусно.
Состојки:
-750 гр. месо од плешка или грбот на дива свиња
-1 лажичка црн пипер во зрна
-1 лажичка мајчина душичка
-1 лист ловоров лист
-2 каранфилчиња
-1 главица кромид
-1 морков
-1 помал корен целер
-1/3 чаша вински оцет
-1/2 л. јако црно вино
За сосот:
-1 лажица брашно
-3 лажици зејтин
Подготовка:
Месото изимијте го и ставете во садот со зачините. Додадете го исечениот кромид, морковот, целерот, прелијте со оцетот и виното и оставете да одлежи во фрижидер минимум 1 ден (свежото место пожелно е да одлежи 4 дена во маринадата)

Потоа исцедете го добро, посолете. Ставете го месото во сад со загреан зејтин и подпечете додека не добие убава темна боја. Извадете го печењето.
Во садот подпржете го брашното, долијте ја маринадата заедно со зачинките, оставете да проврие. Залијте го месото со провриениот сос и оставете во рерната да се пече поклопено на 180 степени околу 1-2 часа.





