Втората по застапеност албанска политичка партија во македонскиот парламент повторно не сака да учествува на средбата со потписниците на албанската декларација која беше создадена на 7. јануари годинава, а подоцна беше предмет на широка дискусија и во македонскиот кампус.
“Како прво, тркалезната маса што ќе се одржи денеска концептуално не одговара на тоа што го договаравме во врска со Декларацијата. Тогаш јасно кажавме кој треба да се повика на средбата, а ова што сега се случува е злоупотреба на претходно договореното. Како второ, не се знае кои точки од декларацијата ќе бидат дел од програмата на Владата. За тоа требаше да бидеме информирани, не само ние како Беса, туку и сите граѓани. Поради овие две причини нема да учествуваме на денешната средба” рече Африм Гаши од Движењето Беса.
И на претходната средба, одржана на 28. јуни во хотелот „Александар палас“ во Скопје, Беса беше отсутна, а тогаш за првпат присуствуваше ДПА.




