Ребалансот на буџетот покажа дека за Специјалното јавно обвинителство се уште „е живо“:
Со првичната проекција на буџетот за годинава, за СЈО биле планирани биле еден милон и 200 илјади евра, а со ребалансот Владата предвидела кратења само кај платите, обвјави Алсат.
Останува исплатата на заостанати плати во СЈО, кои не се исплаќаа оти Катица Јанева заврши во притвор и беше разрешена од шеф на СЈО.
Со прекројувањето на буџетот тие се ставени под ставка исплата на извршни исправи. Станува збор за околу 300 илјади евра – или исплата на заостанатите плати која одеше преку УЈП.
Кога се носеше основниот буџет за годинава, стави ставки нула за Стоки и услуги. Но, со ребаланост од четвртокот се обезбедија пари и за оваа намена и тоа:
Ребаланс на Буџет за 2020 година
- Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт – 33 илјади евра
- Договорни услуги – 200 илјади евра
- Други тековни расходи – 66 илјади евра“





