СДСМ очекува вонредните парламентарни да се организираат 22 дена по завршување на вонредната состојба, а според тоа изборен ден би бил 21 јуни.
За ДУИ датумот не е важен, клучно за нив е што велат лекарите и меѓународните набљудувачи, јави ТВ 24.
„ДУИ Сме за поскоро закажување на изборите, ни требаат институциите. ако се исполнат условите и се согласат сите партии, да се избегне можност за натамошно политичко ескалирање на ситуацијата“, вели Бујар Османи.
Од ВМРО-ДПМНЕ на ден пред утрешната лидерска кај Стево Пендаровски не откриваат можен изборен датум.
Единствениот термин за одржување на изборите кој Христијан Мицкоски го спомена е првата половина на јули. Овој заклучок го донесе по констатациите од претседателот на ДИК Оливер Дерковски, кој е дециден дека сите процедури со избирачкиот список би траеле повеќе од еден месец.




