На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.792, бројката на оздравени пациенти е 1.293, на починати е 101.






