Актерот Сашо Тасевски го коментира скандалот со конзулот во Бугарија, Александар Панев.



„Уште ние ќе излеземе виновни што сме го рчнале конзулО. Не сме го сфатиле. Па тој бе зборот врска ко пишува врЗка. Што да сфатиме? Дека е неписмен или дека употребува бугарски правопис?
Ауууу да, и профилот му бил личен. Како мислите дипломат со личен профил? Дали тоа значи дека може приватно на личниот му профил да пишува што му прдне против македонските интереси кои е должен да ги брани, а не да ги гази.
Големо ништо. Министерството само му побарало изјава на конзулчето и го искарало, а тој пак ште си бде конзул. Њама проблем.
Како не урлате за вакви работи како што урлате за законот за дискриминација или како што урлавте за правата на кучињата во време на корона.
Не сфаќате дека како народ минуваме низ пекол. Изложени сме на брутална специјална војна, под власт сме на пета колона чии метастази никој не може да ги процени до каде се. Високи функционери, министри, дипломати. Нема јавна дебата, за ова не се зборува, а од врвот отворено велат, па ние мора да исполниме што сме ветиле!!! Што ветивте? Дека ќе се потпишете како магариња во ЕУ, наместо како Македонци?
И лудилото ќе го го полудите.
Срамно е што ја немаме потребната жестокост и храброст, да ги кренеме на клоци сите вклучени во тоа велепредавство. Ние сме во мат позиција, а уште глумиме држава. Криеме од јавноста дека служиме секому за потсмев поради нашата ендемична способност да се самопонижиме“, коментира Тасевски на Фејсбук.