„Не е возможно да се одржат избори за 22 дена затоа што нема избирачки список, со кој избирачки список би оделе на избори?



Ова во интервју за Курир  го изјави шефот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски кој потсеттува дека овие два месеци апелирал до сите оние кои ќе донесат одлука за одржување на изборите да внимаваат како ги носат бидејќи нашата земја се наоѓа во пандемија.

Толкувањето на уредбата која е предмет на некои политичари, експерти и слично вели дека не треба да се продолжи 22-от ден пред денот на изборите. Уредбата вели дека се запираат дејствијата кои што беа дотогаш, а во вториот став се вели дека на ДИК и се дава задача ден по вонредната состојба да изготви ревидиран роковник. Тоа значи дека ДИК ќе мора да ги предвиди овие рокови за избирачкиот список повикувајќи за на изборниот законик. Во тој роковник ние ќе ги предвидиме сите рокови кои се потребни за да се направат легални и легитимни избори – вели Деркоски за Курир.

Тој додава дека доколку има таква хипотетичка ситуација тој како претседател на ДИК нема да го потпише тој избирачки список и се надева дека истото би го направиле и дел од колегите.

„Тогаш би паднале во една поинаква криза и поинаква ситуација која ќе предизвика друга ситуација, затоа што јас не сакам да носам одговорност за нелегитимен процес и не може да ме натераат на тоа. Треба да се почитуваат законските прописи во државата – вели тој во интервјуто за порталот Курир.