Актерката и невладина активистка Ирена Ристиќ со интригантно прашање за некаква куќа која што наводно ја купиле сопружниците Радмила Шеќеринска и Бобо Јанковски познат како Бобо Дајнерс.
Ристиќ беше влијателен член на Шарената револуција и има добри релации и информации од кампот на СДСМ.
“Ау, ќе заборавев да прашам!!А, бе! Ваистина ли Шеќеринска со сопругот си купиле куќарче од миљон и двеста тисуча евара? Ај ве молам проверете, да знам што да правам”, напиша Ирена Ристиќ на Фејсбук.





