И денешните сведоци на обвинителката Рускоска не и донесоа ефект кој го посакуваше во нејзиниот главен процес по што јавноста се прашува дали таа сите „чипови“ ги вложува во „проверениот“ сведок Александар Василевски Нинџа?
На денешното рочиште за случувањата на 27-ми април двајцата сведоци предложени од обвинителката Вилма Рускоска, автор на обвиненијата за „тероризам“, повторно не успеа да ги докаже своите претпоставки кои се дел од обвинителниот акт.
Првиот сведок денес, пратеникот Весел Мемеди соопшти дека негов впечаток било дека пеењето на химната од страна на пратеникот Зекирија Ибраими било дел од некакво сценарио, но тој тоа го темели само на сопствено чувство, повторно без никакви докази.
Но притоа, Мемеди направи и голем кикс кој може да доведе до поништување на сето негово предходно сведочење, бидејќи изјави дека по македонската химна на Крсто Муковски, претседавачот со седницата Трајко Вељаноски му дал збор на Ибраими.
Едноставна проверка на стенограмите од седницата на 27-ми април покажува дека по Мукоски, Вељаноски им дава збор на Антонијо Милошоски, Зоран Илиоски и Владимир Ѓорчев, што значи дека или Мемеди има лоша меморија поради која кажал лага во судот, или -во прашање е нешто друго. Во секој случај сведокот на Рускоска не ја кажа вистината.
Вториот сведок денеска беше Стефан Младеновски кој во ниту еден момент не спомнал дека политичка партија била организатор ниту на протести, ниту на насилства, туку прстот го посочи кон УБК и нејзини вработени, а пред се кон осудениот Александар Василевски Нинџа кој според сведокот, ја координирал и организирал групата на луѓе со фантомки за влез во Собранието.
Токму вчера се појави информацијата дека Рускоска го повикала Нинџа на средба во обвинителството во Скопје, за што од тимот на Рускоска брифираа дека било поради тоа што тој пријавил закани од други затвореници, а според затворската управа дека бил спроведен во Скопје на барање на Рускоска, без да има никакви пријавени закани кон него.
ВИДЕО АЛФА:
https://www.youtube.com/watch?v=kWNQKYqpI5k
Некој лаже – или обвинителството на Рускоска или од затворската управа. Но, зошто некој би лажел?
Одговорот можеби се крие во фактот дека оваа средба на Нинџа и Рускоска дојде само еден ден откако на завчерашното рочиште на судењето за настаните од 27-ми април, уште еден сведок кој беше предложен од Рускоска ги негираше нејзините тврдења дека ВМРО-ДПМНЕ било организатор на протестите, туку дека партијата само ги поддржувала.
Со ова и другите сведочења, сериозно е разнишан обидот на Рускоска да го докажува она што планира да го докаже, односно го стави на стаклени нозе целото обвинение не само за ова судење за 27-ми април, туку и на претходното кога дуото Рускоска/Кацарска осуди на 211 години затвор за 16-мина обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија“.
ЛИНК
https://www.expres.mk/ruskoska-unishtena-od-sopstveniot-svedok-izbega-od-novinarite/
Познавачите на случајот коментираат дека најновото обвинение на Рускоска (за т.н. организатори) е пишувано „под диктат“ токму на сведочењата на Александар Василевски Нинџа, кој патем за сведочењето врз кое во голем дел се темели и пресудата на Кацарска и новото обвинение подигнато од Рускоска, доби 8-годишна затворска казна, 2 години под минималната пропишана за ова дело.
Имајќи ја предвид историјата на сведочењата на Нинџа, не само во случајот во кој беше обвинет туку и неговиот „минат труд“ (како во случајот „Ровер“ кога после 12 години од давањето на еден исказ, Василевски „изненадно“ се сетил на нови детали од случајот) логично е да се постави прашањето дали Вилма Рускоска во Нинџа гледа (повторно) сламка за спас на нејзиното обвинение за т.н. тероризам на 27-ми април?




