Синдикатот на вработените во приватниот сектор на Косово проценува дека поради корона-пандемијата без рабоита останале околу 30 000 луѓе, вели претседателот на овој синдикат, Јусуф Аземи.
Оние што изгубиле работа не успеале да добијат компензација од 130 евра, како што е предвидено во пакетот мерки на Владата на Косово, пренесуваат медиуми.
Планот предвидуваше оние кои ќе загубат работа да бидат обештетени 130 евра за април, мај и јуни годинава.
Во Косово досега 945 лица се заразени со новиот вирус на корона, закрепнати 690 и загинаа 29 лица.




