И натаму молк во Владата за тоа дали ќе носи уредба со која би се формирал Фонд за медиуми, за што кабелските оператори веќе имаат неофицијални информации, пишува Обсервер.
Кебел-ператорите реагираа дека на оваа тема од Владата се уште немаат добиено официјален став.
„И по неколку денови од нашата Информација дека Владата ќе носи Уредба со која ќе формира Фонд за помош на медиуми, а истиот ќе се полни од пари на операторите, од Владата немаме никаков официјален став. Од тие причини денес до нив доставиваме допис со кој бараме да се изјаснат за нивната намера. Од тоа ќе зависат нашите понатамошни чекори“, соопштија вчера операторите.
Тоа може да значи зголемување на претплатата за кабелските ТВ програми за околу 100 денари.
Оваа влада се пофали со укинување на тарифата од 3 евра за МТВ…




