Платите на вработените во државната администрација нема да се кратат со ребалансот на буџетот.
Некои од министрите на СДСМ и ДУИ застанаа против предлогот на Зоран Заев и на министерката за финансии Нина Ангеловска кои бараа намалување на платите на административците.
За претставниците на ДУИ во Владата кратењето на платите во администрацијата е тема која ја форсираа медиумите, но не и Владата.
„Таква тема не е ниту отворена. Дали ќе има кратење или не, тоа не е разгледано како можност“, ведли Крешник Бектеши министер за економија, пренесе Алсат М.
Платите на административците нема да бидат чепнати во време кога повеќе од два месеци на работа не одат околу две третини вработени во државните и јавните институции, додека поголемиот дел од компаниите од приватниот сектор веќе исплаќаат намалени плати на своите работници, а илјадници останаа без работа поради кризата.




