Бугарија бара итна обнова на работата на заедничката експертска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија создадена со Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан меѓу двете држави.
Јавна покана за ова доаѓа од министерката за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за Нова телевизија.
Комисијата вклучува историчари од двете држави, а нејзина цел беше да ги решава историските и образовните прашања. Меѓутоа, Македонија еднострано ги прекина средбите во октомври 2019 година заради претстојните избори.
“Не очекувавме дека експертската комисија ќе ја заврши работата за две седници. Но, еднострано да прекине заради избори-а таа не е составена од политичари, не го прифаќаме како аргумент” , изјави Захариева според чии зборови македонската нација не треба да се темели на лаги и антибугарски кампањи, основата на нашиот договор е општобугарската историја.
Според Захариева, договорот за добрососедство со Бугарија е основата на која Софија бара Македонија да прифати дека нема македонски јазик и дека Македонците биле Бугари.
Додека Захариева отворено врши притисок нејзиниот македонски колега не упатува протестна нота иако пред две недели изјави дека бугарските најнови барања содржани во заклучоците на ЕУ се неприфатливи.





