Вевчанец обвинува дека добил “шлаканици” од градоначалник за статус на Фејсбук

Членови на пошироко семејство на жител на Вевчани информираат дека вчера нивни роднина без никаква прочина бил физички нападнат од страна на градоначалник.



Граѓанинот според роднините бил нападнат затоа што пишувал статуси на социјалните мрежи против членови на семејството на градоначалникот што го нападнал.

Во моментов нападнатиот прибира соодветна лекарска документација за физичките и психичките последици од нападот по што ќе следува соодветна правна постапка против градоначалникот за кого се тврди дека го нападнал поради различна политичка и идеолошка припадност.

Засега од МВР нема никаква информација за евентуалниот инцидент или за идентитетот на градоначалникот. Информација за настанот нема ниту во билтенот на настани на МВР.

Последна вест

Министерот се воздржа од реципрочен одговор

Чулев одговори но не го навреди Шилегов: Одраз на личноста на градоначалникот