ЏД: Самитот во Трст нема да ги намали тензиите на Балканот

Во рубриката „Ризици за земјите“ специјализираниот магазин за глобална и регионална безбедност „Џејн дифенс“ објавува анализа за влијанието на „Договорот за заедничка економска унија на земјите од Западен Балкан потпишан во Трст минатата недела. Магазинот смета дека договорот нема значително да ја намали растечката политичка нестабилност во регионот.



Според ЏД, иако договорот ја подобрува соработката во различни области како транспортот тој не се занимава со клучните внатрешни и ббилатерална спорови во регионот.

Политичката нестабилност и корупцијата не беа тема на самитот и тие ќе останат пречка за странските инвестиции во иднина. Самитот нема да влијае на надминување на споровите меѓу земјите што многу ќе го забави спроведувањето на договорот.

Лидерите на Албанија, Босна, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија се согласија да формираат заедничка економска заедница која што ќе биде дел од ЦЕФТА.

Според еврокомесарот за проширување Јоханес Хан договорот има потенцијал од 80 илјади нови работни места но фактот што во регионот има неколку билатерални и внатрешни спорови ќе има сериозни последици по заживување на истиот , смета влијателниот американски магазин.