Се обидува ли СДСМ да предложи постигнување партиско-политички договор за “Детант” односно на прекин на објавување на прислушувани разговори во јавноста.
Ова прашање се наметнува откако колумнистката на Дојче Веле на македонски јазик Катерина Блажевска која пишува за штетноста на објавување ауди материјали преку своите соговорници индиректно ја наметнува темата за политички договор за прекин на војната со прислушувани разговори.
Блажевска која е постојано критична кон ВМРО-ДПМНЕ а ги фали политиките на СДСМ никогаш предходно не пишувала на оваа тема.
Но сега два дена по најновата “бомба” во која се слуша како Заев зборува за сексуален однос кон тие што нема да гласаат кон него и тврди дека под контрола го имал Сорос и невладините, таа на Дојче Веле ја отвара темата за штетноста на “Бомбите” за македонската демократија.
Меѓу тројцата експерти кои ги консултира Блажевска во анализата се двајца луѓе кои беа дел структури блиски на СДСМ кои молчеа кога Заев со недели објавуваше аудио бомби во 2015.
Еден од нив аналитичарот Петар Арсовски кој е најголем промотор на политиките на СДСМ во последниве 3 години. На Арсовски дури 5 години по бомбите на Заев му текна дека тие стануваат политичка мода.
“Дури, и по некое чудо, лидерите да се договорат џентлменски да запрат, таквата практика, а и материјали, се толку раширени, што можат да бидат снимени од секого, и да се појават од секаде. Суштинскиот проблем е што тајното снимање ќе стане политичка мода”, предупредува Арсовски во текстот на Катерина Блажевска.
Целиот текст на Дојче Веле на овој линк





