Ќе здивнеме ли барем малку од анти-корона мерките?

Комисијата за заразни болести на денешната седница треба да даде нови препораки до Владата за натамошно постапување во однос на воведените мерки за заштита од ширење на коронавирусот.



Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во државава од почетокот на епидемијата, досега, изнесува 1.642, бројката на оздравени пациенти е 1.136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 415

Министерот за здравство, Венко Филипче, на последната прес-конференција рече дека резултатите од тестирањата за Ковид-19 ќе ги анализираат на состаноците и на Комисијата за заразни болести и на централниот штаб на Владата, по што ќе се знае како точно ќе се димензионираат натамошните мерки и кои дејности прво ќе почнат да функционираат со цел постепено отворање на економијата.