Пад на БДП, зголемување на невработеноста …

Виенскиот институт за меѓународни економски студии предвидиува пад на македонскиот БДП од пет проценти, намалување на трошоците за живот односно дефлација од еден процент и раст на невработеноста до 21 отсто.



Институтот има пооптимистички прогнози за Македонија во однос на некои други земји од регионот, но сепак ова е најпесимистичката проекција за земјава од сите досега со оглед дека ММФ, Светска банка, Европската комисија, па и Владата и Народната банка имаат прогнози за нешто послаб, но не и толкав пад на БДП годинава.

Миниситерството за финансии предвиде пад на БДП со стапка од 3,4 проценти годинава.

На оваа проекција најверојатно ќе се базира ребалансот на буџетот кој сега се подготвува.

(Обсервер)