Сестринската бугарска партија на македонските социјалдемократи отворено побараа во Македонија на власт да бидат СДСМ и Зоран Заев.
Лидерот на бугарската Социјалистичка партија Сергеј Станишев на состанок на социјалистичките еврпски партии неделава како и на биугарските медиуми го фалел лидерот на СДСМ Зоран Заев затоа што тој бил најдобар за интересите на Бугарија.
За Станишев Бугарија има национален интерес Заев да победи на следните избори. Тој не спомена дали и македонсиите национални интереси се слични или сосема различни.
„Бугарија е национално заинтересирана за победата на Зоран Заев и социјалдемократите во Македонија, но не очекувајте дека чудата ќе се случат во многу краток временски период. Ова го изјави претседателот на Партијата на европските социјалисти Сергеј Станишев во „Недела 150“ на БНР за позицијата на оската Софија-Скопје, пренесува бугарски Фокус.
-Оваа недела имавме состанок на лидерите на ПЕС од Западен Балкан, на кој присуствуваа премиерот на Албанија, премиерот на Косово и Зоран Заев. Во оваа дискусија, Зоран Заев им порача на сите учесници и до сите лидери дека доколку победат на изборите, тие ќе ги спроведат на најдобар начин Договорот од Преспа и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија. Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и социјалдемократите, затоа што антибугарската националистичка реторика припаѓа на ВМРО – ДПМНЕ. Тие продолжуваат со неа дури и сега. Природно користете го ова. Ова е нивна главна линија веќе 10 години откако тие владееја а Зоран Заев го смени правецот. Тој тргна напред кон иднината, тој тргна да гради мостови, презеде такви смели чекори кои што имаа многу сериозен политички ризик. Договорот со Бугарија беше замрзнат со години, за неколку месеци тој го одмрзна и го потпиша. Го презеде ризикот “, додаде Станишев.
Според него не треба да се очекуваат чуда во многу краток временски период потребна е трпеливост и конзистентност. Двете работи треба да бидат во бугарскиот арсенал на средства за односи со Македонија, вели Станишев.
Во 2010 година тогашниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски од Станишев кој беше премиер на БУгарија побара да го признае македонскиот јазик и нација но Станишев никогаш не се согласи за македонскио народ како засебен од Бугарскиот. Овој човек сега бара СДСМ да продолжи да ја води Македонија затоа што партијата е корисна за Бугарија.




