Аудио разговорите кои вчера ги објави порталот инфомакс.мк од кои меѓу другите скандалозни изјави се слушна дека Заев се фали како ја контролира фондацијата Отоврено општество на Сорос и македонскиот невладин сектор, предизвикаа тектонски поместувања во македонската левица
На постот на професорот Милчин кој денеска оштро го нападна Заев дека лажел за контролата на невладиниот сектор и бил ситен трговец кој излажал многумина во Македонија реагираа голем број граѓански активисти кои се дел од левицата или директно соработувале со СДСМ.
Меѓу тое што ставиле „лајк“ (LIKE) на текстот во кој Милчин го обвинува Заев е и Тони Десковски, професор на правниот факултет во Скопје и сопруг на министерката за правда Рената Десковска.
Професорот Десковски кој постојано заклучува дека со Преспанскиот договор формално веќе не постои македонска туку северномакедонска нација а никогаш јавно не се спротивстави на геноцодното однесување на Заев и неговата сопруга на оваа тема, сега става знак на допаѓање на пост во кој се оцрнува партискиот шеф на неговата сопруга. За многумина ова е знак дека следува кулминација во судирот во СДСМ.
Според извори во СДСМ во партијата и предходно се случувале сериозни конфликти меѓу скопското и руралното крило но по вчерашните аудио записи по кои рејтингот на СДСМ е под силен удар се случуваат тектонски поместувања.
Партиски извори тврдат дека Десковска е дел од „Скопското“ крило кое планира да ја преземе контролата на партијата по следните избори и заминувањето на Зоран Заев кој веќе се смета за баласт кој мора да се одстрани за да преживее СДСМ.
Во моментов на маргините на судирот со ВМРО-ДПМНЕ во самата СДСМ се случуваат тивки консултации меѓу повеќе активни и пасивни крила за иднината на партијата по заминување во опозицијата по изборите без разлика кога ќе се случат.
(Продолжува)






