Некогашна соборка до Заев: Ве мразам, каменот од блиску доаѓа

Откако протекоа аудио снимки од разговор на претседателот на СДСМ Зоран Заев во кои тој со навредливи зборови се обраќа до македонскиот народ , многу реакции на социјалните медиуми дури и од негови некогашни соборци со чија помош дојде на власт.



Меѓу нив е и граѓанскиот активист Мери Николова – Буџаку, инаку сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку.

Во продолжение ви ја пренесуваме нејзината реакција која се однесува пред се на делот од изјавите на Заев во кој тој зборува со погрдни зборови во сексуална конотација за мајката на бизнисменот Орце Камчев која помогнала на човек што бил поддржувач на Заев а кој починал од рак.

Фејсбук статус:

Во денешните пуштени снимки не ми се допаѓа како Заев вели “Мамето мамино ќе му го ебам на Орце”.
Прво таа жена која сакаш да ја е… е Анѓел, и можеш под прозор да и плукнеш.

Нашиот другар Мете умре од стресови поради вас, и многу од вас му дојдовте на погреб. Зошто не му помогнавте додека беше жив, кога се разболе, ожени, кога им се роди ќерќичка. Кога во државна му велеа ништо не ти е, оди дома, еве ти апчиња за болка ќе ти помине.

Е таа Ратка што ја пцуваш сега, ни ја отвори вратата, пружи рака за Мете да го прегледаат и ни помогна. Му открија рак и за 10 дена почина. Ве мразам Заев, знаете зошто? Затоа што на тие што се бореа за тебе како кутренце им нудевте пари, ако им требат а замисли тие луѓе горди ги одбија вашите пари зошто не се купуваа, бидејќи вредеа! Има многу да се каже за вас, и што се крие зад вашето ангелско лице. Ќе дојде време, “каменот од блиску доаѓа”.