Според изјавата која што е содржана во аудио материјалите, кои според лидерот на СДСМ се пуштени од неговите соработници, Зоран Заев во 2016 година требало да води љубов односно да има секс со најмалку 454 577 граѓани.
Ова е бројот на граѓани кои тогаш го дале гласот за ВМРО-ДПМНЕ.
Во разговорот на Заев со непознат соговорник тој вели дека “ќе ги е*ел” сите што ќе гласале за неговите политички противници од сегашната опозиција.
Засега неговата партија не објасни како планирал да го стори тоа откако предходно тој изјави дека дневно одговара на илјадници пораки од граѓани.





