Заев конечно сфатил: Новите “Бомби” пуштени од двајца негови соработници

Лидерот на СДСМ Зоран Заев попладнево откри дека според него “Бомбите” што ги објави порталот Инфомакс во кои тој најавува дека ќе води љубов со тие што нема да гласат за него на изборите во 2016, се пуштени од двајца негови најблиски соработници.



“После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови”, пишува Заев на Фејсбук користејќи знак “смајли” на постот.

Во аудио снимките може да се слушне како Заев признава дека партијата што ја води давала прислишувани разговори на лицето со име Чауш и дека има контрола на невладините организации.

Со својот пост Заев индиректно откри дека неговите “пиарџии” се уште имаат пристап до прислушувани материјали.

Што има во Бомбите:

Објавени 4 аудио бомби за Заев: “Е*ем ти таков народ” (АУДИО)