Српската влада му врачи протестна нота на македонското министерство за надворешни работи поради инцидентот со поштенската марка со мапа на НДХ на која има и територии на Србија.
Претставници на српското МНР денеска протестот го врачил на македонската амбасада во Белград.
Србија бара Македонија веднаш да ја повлече спорната марка со која се повредуваат чувствата на српските граѓани и која ги потсетува на злосторствата на НДХ врз стотици илјади Срби.
Официјален Белград бара и официјално извинување од страна на министерот Никола Димитров и Владата на Македонија.






