Со својот пост на Твитер професорката од Институтот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска поставува дилема како бугарските власти ќе се борат против аргументите на врвни американски научници кои работеле на македонскиот јазик кои се контра тезата на Софија за „северномакедонски – бугарски“ јазик. .
Груeвска-Маџоска открива дека врвен американски лингвист и научник од една од најпрестижните светски образовни институции пред речиси 70 години напишал Граматика за јазикот за кој немал дилема дека е македонски.
„Хорас Лант, професор на Харвард и студент на Роман Јакобсон, во 1952 година напишал Граматика на литературниот македонски јазик, а не на северномакедонски бугарски“, пишува Груевска-Маџоска, давајќи и линк до граматиката.
Хорас Г. Лант (1918- 11 август 2010) е американски славист и македонист, професор на универзитетот Харвард. Опишан е како „еден од најдобрите стручњаци во своето поле“.
Лант ја напишал првата граматика на македонскиот јазик на англиски јазик.
Хорас Лант, професор на Харвард и студент на Роман Јакобсон, во 1952 година напишал Граматика на литературниот македонски јазик, а не на северномакедонски бугарски. Повелете:https://t.co/tVFloXCHtL
— Simona Gruevska Madjoska (@simonagrum) May 7, 2020





