Едно од највкусните, но и најзастапените и најдостапните овошја на овој простор, главно се консумира свежо. Но дињата може да се користи и за неверојатно атрактивен десерт кој во основа е пита какви што често гледаме, но со други овошја. Обидете се, нема да згрешите.



Состојки:

-200 гр брашно

-50 гр какао

-80 гр шеќер во прав

-прстофат сол

-1 јајце

-1 жолчка

-125 гр путер

Фил:

-500 гр диња

-100 гр шеќер

-1 ванилин шеќер

-сок и кора од еден лимон

-прстофат кардамом

-прстофат кориандер

-2 лажици густин

-1 јајце

-малку сол

-малку рум

Подготовка:
Од сите состојки се замесува тесто, со тоа што путерот треба да биде на собна температура. Се распоредува тестото, најдобро е во тавчето да ставите хартија за печење за полесно да ја извадите питата кога ќе се испече. Тестото го боцкаме со вилушка и го оставаме во фрижидер најмалку 15 минути, ама може и подолго.Дињата ја блендираме и заедно со шеќерите ја ставаме на оган, на тивко да врие 10 минути. Ја додаваме кората и сокот од лимон како и зачините. Во 80 мл вода го раствораме густинот и го додаваме јајцето, ги матиме и ги додаваме во дињата, за да се направи пудингот. Мешаме додека да згусне. На крајот додаваме рум и мешаме додека да испари малку алкохолот.Филот малку изладен го ставаме во кората од питата и ја ставаме да се пече на температура од 200 степени, 20 минути.