Првообвинетиот во „Рекет” Бојан Јовановски-Боки 13 во продолжение на сведочењето објави дека тој за ова обвинение знаел уште на 3 април кога оваа информација му ја кажал тогашниот премиер Зоран Заев.
„Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега. На 3 април гостуваше Заев во телевизијата. По емисијата разговаравме во мојата канцеларија и Заев ми кажа дека и мене и Катица нè следеле странски служби. Ме уплаши и изманипулира дека странски обвинител имал сè за мене.“, кажа Боки 13 на судењето за случајот Рекет.





