Додека државата се задолжува со стотици милиони евра за пополнување на кратерот во буџетот што го отвори коронакризата, се најдоа пари за двојазична табла во поликлиниката во Драчево.
Законот со кој албанскиот јазик се израмнува со македонскиот на целата територија на Македонија стигна да се спроведува и во населбата со 19.246 жители според пописот од 2002 година, од кои 17.310 Македонци и само 201 Албанци.
Од најголемото малцинство во државава побројни во населението на Драчево се и Ромите (615), Бошњаците (408), Турците (376) и Србите (289).





